Муцунски: Општина Аеродром е вистински репрезент на кошарката

Екипата на Будуќност (Црна Гора) е победник на меѓународниот турнир во кошарка „Драган Василев - Цевка“, кој се реализираше во Општина Аеродром. Тие за противници ја имаа екипата на Игокеа (БиХ), која ја совладаа со резултат 78:67.

Со тоа и официјално заврши турнирот.

Третото место го освои Цедевита. Освен нив, учествуваа и клубовите Црвена Ѕвезда и Триумф од Србија, Балкан од Бугарија и македонските Вардар и локалниот клуб МЗТ Скопје. Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимо Муцунски им го честиташе успехот на кошаркарите. 

-Заедно со претседателот на Македонскиот Олимписки Комитет, Даниел Димевски и Горан Василов, син на Драган Василов - Цевка ги доделивме пехарите и им честитавме за успехот на младите кошаркари.

Општина Аеродром како организатор на турнирот, се покажа како одличен домаќин и вистински репрезент на кошарката. Овој турнир ќе прерасне во традиционален секоја година, а истиот ќе биде во заедничка организација со Кошаркарската федерација на Македонија и Олимпискиот комитет. - напиша Муцунски на својата официјална Фејсбук страница.