Муцунски: Нови паркинг места, улици и тротоари во Општина Аеродром

Нови паркинг места, улици и тротоари во Општина Аеродром. Инвестираме во подобрување на условите на урбаното живеење во нашата општина, истакна градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски. 

Тој потенцираше дека оваа есен во Општината се започнало со голема градежна офанзива, во чии рамки се инвестира во изградба на нови детски и спортски игралишта, нови улици, тротоари и нови паркинг места.

-Периодов интензивно работиме на целосно асфалтирање на нови улици на неколку локации во Стар Аеродром, каде по долг временски период калта и дупките стануваат минато, се создаваат над 60 нови паркинг места и тротоари за безбедно движење на пешаците. По долго време, се уредува и просторот кај „Мајчин Дом“ каде се гради паркинг простор со капацитет од над 60 паркинг места. Мојата цел е Аеродром да биде убава, урбана и средена Општина. Во текот на оваа година започнавме и реализиравме изградба на неколку нови инфраструктурни објекти, а во буџетот за 2023 година проектираме развој и финализирање на досегашните градежни активности во секое населено место од општината - информираше Муцунски.