Муцунски на средба со Силвестри: Италија е наш партнер!

Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, денеска во својата канцеларија го прими италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри.

Тие разговараа за продлабочување на соработката меѓу Општина Аеродром и Италија, како еден од најголемите пријатели на нашата држава.

-Денеска остварив средба со италијанскиот амбасадор, Андреа Силвестри. Тој ми го пренесе италијанското искуство во водењето на локалната самоуправа и општините, со што добив важни препораки за успешно управување на општината. Италија како една од водечките членки на Европската Унија е значаен партнер на нашата држава и затоа билатералните односи и понатаму активно ќе ги надградуваме, а особено соработката во делот на образованието и културата, рече градоначалникот Муцунски.