Муцунски имаше проштални средби со амбасадорките на Србија и Шведска

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски сподели дека денеска остварил одвоени проштални средби со амбасадорката на Република Србија, Невена Јовановиќ, и амбасадорката на Кралството Шведска, Еми Ларсон Џејн.

Тој изразил благодарност за нивниот севкупен ангажман и придонес во унапредувањето на билатералните односи и соработката за време на нивниот дипломатски мандат во нашата земја.

„Заеднички го истакнавме задоволство од континуитетот на политичкиот дијалог на високо ниво и од соработката во сите области од заемен интерес. Притоа, ја реафирмиравме нашата посветеност за натамошно зајакнување на меѓусебните односи и одржување на отворен и конструктивен дијалог по сите прашања од заеднички интерес“, истакна Муцунски во својата објава.