Муцунски: Имаме причина за радост, затоа што Аеродромецот Бобан Илиоски е европски шампион во кик-бокс!

Имаме причина за радост, затоа што Аеродромецот Бобан Илиоски е европски шампион во кик-бокс. Веста на својот инстаграм профил на сподели градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски. 

- Заедно со претседателот на советот, Дејан Митевски, попладнево во општината го пречекавме Бобан Илиоски од Аеродром, кој го освои европското првенство за сениори во кик-бокс во Анталија, Турција. Се гордеам со успесите на сите спортисти, особено они кои живеат во Аеродром, а посебно кога станува збор за титула која е освоено на европско ниво. Знам колку посветено треба да се работи за еден ваков резултат, напиша Муцунски. 

Тој најави дека во иднина ќе направи се општината Аеродром и понатаму да обезбедува услови и поддршка за спортување, развој и постигнување резултати во европски и светски рамки.

- Посакувам уште многу вакви успеси, победи и медали кои ќе бидат причина за славење и радост во Аеродром, заклучи Муцунски во објавата.