Муцунски и Сиљановска Давкова во работна посета на ОАЕ - во Дубаи ќе учествуваат на Светскиот самит за влади

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска преку социјалните мрежи сподели дека од денес до четврток ќе престојува во работа посета на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) заедно со претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Двајцата ќе учествуваат на Светскиот самит за влади во Дубаи.

Во натписот над објавата, Муцунски истакна дека економијата, дигитализацијата и конкретните резултати се во фокусот на посетата, нагласувајќи ја јасната цел - придобивките од овие активности директно да ги почувствуваат граѓаните.