
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска прв му посака добредојде на претседателот на Швајцарската Конфедерација, Ги Пармелан, во Скопје.
Утрово, со највисоки воени и државни почести, Муцунски го пречека претседателот Пармелан, кој заедно со неговата сопруга престојува во официјална посета на земјава, на покана на претседателката Гордана Силјановска-Давкова.
„Посетата претставува потврда за одличните билатерални односи и можност за нивно натамошно продлабочување, со посебен акцент на политичката и економската соработка“, истакна министерот.