
На покана на министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија Тимчо Муцунски, денеска во официјална посета на земјава ќе престојува министерот за надворешни работи на Република Литванија, Кестутис Будрис (Kęstutis Budrys), соопшти МНРиНТ.
Во фокусот на разговорите ќе бидат унапредувањето на билатералните односи меѓу Македонија и Литванија, соработката во рамките на НАТО, како и литванската поддршка за европската интеграција на Македонија.
Во рамките на посетата, министерот Будрис ќе оствари тет-а-тет средба со својот домаќин, министерот Муцунски, по што ќе следи заедничка прес-конференција.