Муцунски денес во Стразбур на средби со високи претставници на Парламентарното собрание и на Банката за развој на Советот на Европа

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски  кој претстојува денеска во работна посета на Стразбур,  имаше средби со Генералниот секретар на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Деспина Шацивасилиу, и со Вицегувернерот на Банката за развој на Советот на Европа (CEB), Томаш Бочек.

Како што истакна Муцунски во објавата на Фејсбук, на првата средба била потврдена посветеноста на унапредување на демократијата, владеењето на правото и човековите права, како и активното учество на Македонија во рамки на Парламентарното собрание.

„Со Вицегувернерот Бочек ја нагласивме континуираната поддршка и конструктивната соработка преку реализираните проекти на CEB. Разговаравме и за конкретните можности за нејзино натамошно продлабочување, посочи министерот.