
Малолетник со закана од остар предмет ограбен во Кисела Вода, вчеравечер.
- На 30.01.2026 во 21:00 часот СВР Скопје Н.К.(38) од Скопје пријави дека околу 16:00 часот на подрачјето на Кисела Вода четири лица со закана со остар предмет од нејзиниот малолетен син одзеле пари, а едно од лицата и физички го нападнало, известија од МВР за случајот.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.