Му се слошило, паднал и починал - Трагедија на една скопска улица

50-годишен скопјанец починал додека возел велосипед. 

- На 29.08.2024 во 17.15 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на подрачјето на Гази Баба О.С.(50) од Скопје додека возел велосипед му се слошило и паднал. Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство, информираа од МВР. 

 Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.