Му нашле повеќе стебла канабис, полн куфер марихуана, а една паковка предал и самиот - уапсен 43-годишен струмичанец

Вчера во 14:00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода 43-годишниот С.И. од Струмица.

Од МВР информираат дека при претрес во неговиот дом и дворното место, извршен со судска наредба, полициски службеници пронашле шест стебла од растението канабис, патнички куфер исполнет со марихуана, ќеса со марихуана и семки од растително потекло, а дополнително С.И. предал и уште една паковка со марихуана.

Известен бил јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.