Му бил одреден куќен притвор, а тој се шетал низ град

Вчера во 09.20 часот на ул. "Цветан Димов" во Скопје  полицијата го привела 28-годишниот А.А. од Скопје откако со себе не носел никаков документ за идентификација. По извршени проверки било утврдено е дека за А.А. има мерка куќен притвор, која не ја почитувал.

„Известени се јавен обвинител и надлежен судија, а против А.А. е изготвен и соодветен поднесок“, велат од МВР.