МТСП со предупредување до градинките: Казната за политичко и верско организирање на децата е илјада евра

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) денеска упати допис до детските градинки во кој потсетува на некои одредби од Законот за заштита на децата.

Оттаму ги потсетуваат градинките на одредбата од Законот со која „се забранува злоупотреба на децата поради политичко или верско организирање и дејствување“, а која одреба треба да биде спроведена од нивна страна.

Притоа, министерството ги информира градинките дека доколку се инволвираат деца од установите во политичко или верско организирање, истото преставува прекшок за кој е предвидена глоба:

„Глоба во износ од 1.000 евра во денарска противвредност ќе се изрече за прекршок на установа за деца, на детска градинка/центар за ран детски развој, организациона единица основана од страна и во состав на правни лица, високообразовна установа и на приватно училиште и на агенција за давање услуги за чување и нега на деца од предучилишна возраст“, наведуваат во дописот од МТСП.