МТСП работи на расчистување на случајот со малолетното девојче од Домот „25 Мај“

Министерството за труд и социјална политика работи на расветлување на случајот со малолетното девојче од Домот „25 Мај“, кое вчера во полиција пријавило дека непознато лице извршило други полови дејствија над неа, додека престојувала на летување во Струга, соопшти министерството.

„МТСП е во постојана комуникација со МВР и до овој момент нема потврда дека се работи за силување. Установата веќе ја обезбеди потребната стручна помош и заштита на девојчето и постапува согласно процедурите“ се наведува во соопштението на МТСП.

Истовремено, МВР презема мерки за целосно расчистување на случајот.