МТСП: Обезбедени 658 пакети со храна за жртви на семејно насилство

Министерството за труд и социјална политика во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје обезбеди 658 пакети со храна за оние кои се најсилно засегнати од кризата предизвикана од КОВИД-19. Поддршката е наменета за 329 регистрирани жртви на семејно насилство, за кои во месеците мај и јуни се обезбедени пакети со храна. Дистрибуцијата се врши преку Републичкиот Црвен Крст и Центрите за социјална работа за да стигне до оние на кои помошта им е најпотребна.

„Глобалната пандемијата на КОВИД 19 отвори многу прашања на општественото живеење, меѓу кои неизбежно е прашањето за влијанието и последиците од пандемијата врз жените и мажите, особено влијанието и последиците од пандемијата врз жените жртви на семејно насилство. Министерството за труд и социјална политика во околностите предизвикани од глобалната пандемија посветено и сериозно пристапува кон поддршката и помошта на најранливите граѓани на нашата држава. Сериозните закани од КОВИД-19 бараат континуиран одговор за да ги пресретнеме потребите на граѓаните вклучени во системот на социјална заштита и да им помогнеме полесно да се справат со сите предизвици“ соопшти МТСП.