МТСП: Исплата на правата од социјалната и детската заштита за месец ноември

Министерството за труд и социјална политика информира дека врши исплата на правата од социјалната и детската заштита за месец ноевмри.

Во правата од социјалната заштита се влучени социјалната парична помош, паричниот надоместок за помош и нега од друго лице, цивилната инвалиднина, мобилност и слепило, постојаната парична помош, еднократната парична помош, паричната помош на лице кое до 18 години возраст имало статус на дете без родители и родителска грижа, сместување во згрижувачко семејство, парична помош за студирање, парична помош за згрижувач, социјално домување, азиланти домување, социјална парична помош  за азиланти и субвенции за електрична енергија.

Од правата од детската заштита ќе се врши исплата на детскиот додаток, еднократна парична помош за новороденче, родителски додаток за трето дете, родителски додаток за четврто дет, динствен родителски додаток, посебен додаток-за месец 12/2018 година.