Мртва жена донесена во Градска болница

Во Градската болница „Св. Наум Охридски“, вчера била донесена почината жена.

Од МВР информираат дека во 20:34 часот во СВР Скопје, од Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено  дека кај нив била донесена 67-годишната Л.И. од Скопје и кај неа била констатирана смрт. По наредба на Јавен обвинител, телото било предадено во Институтот за судска медицина за обдукција.