Мртов маж пронајден во автомобил во Скопје

Пронајдено тело на мртов скопјанец во автомобил.

Синоќа, во еден часот по полноќ, во патничко возило „Хјундаи“ случајни минувачи го пронашле мртвото тело на 42-годишниот Г.С. од Скопје, соопштуваат од МВР.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.