Мрежата на Македонски Телеком станува уште подобра сега со 4G пристап насекаде низ Македонија

Двојно повеќе интернет во Smart и Magenta 1 тарифните модели за уживање во најдобрата 4G мрежа. Телеком ja разви Telekom NetTest апликацијата со која корисниците ќе можат да мерат параметри на мобилната мрежа во реално време.

Македонски Телеком постојано инвестира во својата инфраструктура со цел на  своите корисници да им обезбеди стабилна мрежа и покриеност, без оглед каде и да се наоѓаат. Како резултат на тоа, корисниците на Телеком сега имаат 4G пристап насекаде низ Македонија.

Со цел да уживаат во најдобрата мрежа, компанијата на своите корисници им нуди двојно повеќе интернет во Smart постпејд и Magenta 1 тарифните модели. Понудата се однесува за сите нови корисници, за постојните постпејд корисници кои ќе обноват Договор за Доверба 24 или Доверба 12, како и за сите кои што ќе склучат нов Договор за Фамилијарен буџет.

Македонски Телеком останува фокусиран на корисниците да им овозможи врвни услуги и пристап до најдобрата мрежа. Во таа насока, компанијата ја разви мобилната апликација Telekom NetTest, којашто го мери квалитетот и брзината на мобилната мрежа во реално време. Апликацијата има за цел да обезбеди податоци со кои уште повеќе ќе се подобри мобилната мрежа на Телеком, а воедно и ќе го подобри корисничкото искуство.

Со Telekom NetTest, корисниците самоиницијативно ќе можат да ја измерат брзината на мобилниот интернет (ping, upload & download), да ја потврдат средината  каде се наоѓаат ( на отворено, затворено или се во движење) и да дадат оценка колку се задоволни од мобилниот интернет.

Апликацијата прави мерења исклучиво на мобилната мрежа, а тестирањата не одземаат од интернет сообраќајот вклучен во пакетот на корисникот. Telekom NetTest апликацијата може да се преземе на следниве линкови: за Android https://play.google.com/store/apps/details?id=mk.telekom.cne.tmmk и за iOS https://itunes.apple.com/us/app/telekom-nettest/id1244391929?ls=1&mt=8.