„Мрдни со прст“ и општина Аеродром спроведоа успешна еко-акција

Граѓанската иницијатива „Мрдни со прст“ и Општина Аеродром во понеделникот организираа голема еко-акција и заедно со жителите ја чистеа и разубавуваа областа под железничката станица во населбата Мичурин, во близина на улицата „Венијамин Мачуковски“.

На настанот се приклучија повеќе од 60 граѓани и заедно со претставници на Сојузот на извидници на Македонија, Ајде Македонија, Националниот младински совет на Македонија, Go Green / Биди Зелен и со поддршка на Општина Аеродром, собраа повеќе од 60 вреќи отпадоци.

Дел од настанот беа и ДЈ Тони Зен, ДЈ Гоце Саф, танчерите од Битрикс Кру и Марко Новески кои ги забавуваа присутните и покажаа дека чистењето може да биде вистинска журка. Kако траен спомен од овој настан ќе остане и уметноста на мајсторот за графити – Драш, кој нацрта неколку графити кои отсега ќе ги разубавуваат столбовите на Железничката станица.

 

new nike air max 2019