Mr. Pizza – Наполитанската пица која го освојува Скопје

Дали верувате во вистинска наполиталнска пица и добро тесто? Ако одговорот е да, тогаш дефинитивно нема да погрешите ако му се препуштите на менито на Мр. Пица следејќи го нивниот интересен слоган “In crust we trust”.

Приказната за малото, ново, топло пица-катче во Скопје започна со спој на 10 годишното искуство во кујните низ целиот свет и една огромна желба за споделување на уникатниот вкус кој маѓепсува со секоја пица од менито на Mr. Pizza.

Неодоливото тесто е нивна најдобра алатка и рецепт со кој бескрајно се гордеат, а невообичаените комбинации во менито се инспирирани од желбите на многумина љубители на пица и вклопени во нивната приказна.

Имаме различна приказна. Она што сакаме да го постигнеме е да продаваме приказна во секоја пица, во секој сендвич. Локалот за работа го подготвивме со многу љубов, огромна желба и една единствена цел: да изгледа топло, да личи на место во кое секој ќе се чувствува пријатно, велат од Mr. Pizza. 

Mr. Pizza се наоѓа во Лептокарија, но доставуваат на територијата на цело Скопје. Секоја пица од менито може да биде доставена на Вашата адреса.

Нетрпеливо чекавме да почнеме да го запознаваме Скопје со рецепт во кој прва состојка е секогаш љубовта. Уште понетрпеливи сме во наредниот период многу повеќе Скопјани да го запознаат Mr. Pizza и неговото мени, додаваат тие. 

За да го почувствувате вкусот и мирисот на наполиталнска пица проверете го нивниот инстаграм профил или пак нивната фејсбук страна