Можност да добиете енергетско ефикасен дом

За добивање субвенции, за „енергетски ефикасни домови“, од 2 септември досега голем број граѓани поднесоа апликации.

Општина Кисела Вода овој голем проект го реализира во соработка со Здружението за хумано домување Хабитат – Македонија. Со реализацијата на проектот жителите на Кисела Вода ќе добијат потопли домови и ќе заштедат финансиски средства. За негово успешно реализирање, Општина Кисела Вода одвои околу 7 милиони денари.

Заинтересираните за добивање субвенции, апликации може да поднесуваат во архивата на Општина Кисела Вода, секој работен ден од 8.30 до 16 часот, до 30.09.2019 година.

Заедниците на сопственици или Управители на станбени згради за колективно домување повеќе информации можат да добијат на веб страната на Општината, на следниот линк: http://www.kiselavoda.gov.mk/index.php/component/content/article/8-soodrzina/2432-2019-07-04-10-28-37 .