Можно ли е враќање на воениот рок?

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска вечерва во „Клик Плус“ во ТВ21 одговори на прашањето дали се размислува за враќањето на военикот рок.

„Во моментов имаме доброволно служење на воен рок. Одвреме на време, искрено, кога контактирам со луѓе, добивам многу иницијатива. Родители кои сакаат нивните деца да бидат подготвени за живот. Во моментов сметам дека враќањето на воениот рок не е добра опција“, рече Шекеринска.

Таа објасни зошто тоа не е добра идеја.

„Прво треба да ја опоравиме армијата од еден десетгодишен пост. Се навикнале да функционираат со минимум пари, и да се откажат од многу работи. Не зборувам за луксуз, туку за елементарни услови за работа. Редовно служење на воен рок, бара многу повеќе пари. Треба да се обезбедат ресурси, згради, услови, храна… Никогаш не превземаме обврски кои не можеме да ги реализираме“, изјави Шекеринска, која напомена дека Франција и дел од балтичките држави полека почнуваат да размислуваат за оваа идеја.