Можно ли е Македонија до крајот на летото да постигне колективен имунитет?

Колку е можно да се постигне колективен имунитет против Ковид-19 вирусот во Македонија? Министерот Филипче во интервју за Слободна Европа истакна дека е можно кон крајот на летото да се постигне колективен имунитет имајќи ги предвид вакцините кои треба да пристигнат во земјава. И покрај тоа што над 20 проценти од граѓаните кои не се појавиле на закажаниот термин за вакцина сепак според Филипче има голем интерес за имунизација.

За разлика од кај нас, здравствените експерти во САД сметаат дека е многу тешко речиси невозможно воопшто да се постигне колективен имунитет. Во анализа на СНН Д-р Ентони Фаучи кој раководи со Националниот институт за алергија и инфективни болести смета дека имунитет на стадото е можно само ако 70-85 % од луѓето се имуни. Интернистот Хорхе Родригез пак смета дека процентот е малку поголем и тоа од 85- 90%. Според нив колективниот имунитет зависи од неколку фактори, тоа што децата под 16 години не се вакцинираат, мутациите на вирусот, антиваксерите и патувањата на луѓето од една во друга земја.

„Она што ќе се случи е тоа што на лето поради големите температури ќе има помалку трансмисии. И тогаш ќе речеме :Одлично нема повеќе вирус, завршивме. Но, зимно време одеднаш ќе имаме голем број на заболени. И тоа е тешкиот дел, не да знаеме кога ќе достигнеме имунитет на стадо, туку да внимаваме кога ќе искочиме од имунитетот на стадото,“ вели Мареј.

Дополнително светските експерти потенцираат дека се уште не се знае колку трае имунитетот стекнат од вакцината дали 9 месеци или една година а тоа е голем проблем.

Според шефот на работната група за вакцини на ЕУ пак смета дека може да се постигне колективен имунитет на возрасната популација до средината на јули.

„Импресивно зголемување на производството на нашите 53 фабрики за вакцина. Сега ќе ги имаме потребните дози за да ја исполниме нашата цел: 70 % возрасни потполно вакцинирани до средината на јули,“ смета комесарот Тиери Бретон.

Последниот извештај на МЗ покажува дека во Македонија до сега се аплицирани 130.878 дози вакцини, а ревакцинирани се 22.900 граѓани. Со последните бројки околу 30% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина.