Можни застои на „Орце Николов“ викендов

Од Општина Центар најавуваат дека улицата Орце Николов, ќе биде отворена за сообраќај, но поради изведување на градежни работи, можни се застои на одредени делови. Наредните два викенди, односно на 25-ти и 26-ти овој месец, како и на 2-ри и 3-ти јули, според најавеното ќе се изведуваат градежни работи на две локации со што ќе биде можен застој на сообраќајот.

Се работи за реконструкција на делот на улицата која ќе ја продолжува популарната „Боемска“ и се сече со „Орце Николов“ во делот кај кружниот тек пред објектот на Општина Центар.
Од општината ги замолуваат граѓаните да имаат разбирање.