Можни мерки за влез во затворени простории

Засега нема зголемување на бројот пациенти кои се јавуваат во амбулантите во амбулантите. Нема простор за паника и засега нема да се воведат рестриктивни мерки, изјави министерот за здравство, Венко Филипче за време на гостувањето во вестите на Канал 5.

Според него, будно се следи ситуацијата и ќе видат дали денешните бројки од 74 новозаразени ќе продолжи и понатаму.

„Ситуацијата е стабилна. Можни се мерки понатаму во делот на влез во затворени простории, односно да се бара потврда за вакцинација. Тоа би биле мерки за невакцинираните. Зошто да ги ставаме сите во ризик? Вирусот и понатаму ќе биде присутен и многу е веројатно дека ќе дојде и следна мутација“, рече Филипче за вестите на Канал 5.