Можна е деблокада на крстосниците - протестите ќе продолжат пред Град Скопје?

Постои можност да се одблокираат крстосниците низ главниот град на Македонија и протестот да продолжи пред Град Скопје, најавија приватните превозници на деншната прес-конференција.

Меѓу приватните превозници е закажан координативен состанок за сабота, при што ќе се донесе конечна одлука.

„Бесот сè повеќе се насочува кон Град Скопје кој е главен виновник за оваа ситуација. Постои можност протестите да продолжат само пред Град Скопје“, кажа Кемал Муриќ од „Слобода Превоз“.

Приватните превозници со 200 автобуси од понеделникот ги блокираат крстосниците кај „Мавровка“, булевар „Илинденска“ и кај Црвен Крст.