Можете ли да се заразите со корона вирус во авион?

Пандемијата со новиот корона вирус го смени патувањето оваа година. Заштита на устата и носот сега е задолжителна во авионите, иако може да се отстрани кога се јаде или пие. Авионите исто така имаат посебни системи за вентилација. Компаниите објавуваат дека хоризонталните струења се „сведени на апсолутен минимум“, додека воздухот тече главно од горе надолу.

Но, со оглед на бројот на инфекции од потенцијалните патнички дестинации се поставува прашањето колку е ризично да се патува во авион?

Две студии објавени во списанието „Појавувачки заразни болести“ укажуваат на тоа дека луѓето можат да се заразат со коронавирусот за време на летот, и покрај софистицираната вентилација. Студиите се однесуваат на случаи од март годинава, кога заштитата на устата и носот не беше задолжителна при патување со авион, пишува Шпигел.

Во првото истражување, тим предводен од Тронг-Таи Нгуен од Медицинскиот универзитет во Ханој ги испитал мнозинството патници кои имале директен лет од Лондон до Ханој. 72-годишник кој страдал од кашлица и воспалено грло за време на летот, веројатно бил првиот случај со корона во авионот.

Сите 16 членови на екипажот и 168 патници биле во можност веднаш да стигнат до научниците за да бидат проверени со помош на ПЦР тест. Позитивни биле 15 патници и еден член на екипажот. Дванаесет од овие патници седеле до жената на која и се слошило во бизнис класата, во која патувале само 21 лице. Кој седел поблиску до заразениот, шансите биле поголеми да се зарази.

Втората студија, во која се анализирани четири случаи на корона во врска со лет од Бостон до Хонг Конг, е интересна.

Во два случаи, брачна двојка, и две од стјуардесите. Научниците не само што откриле инфекција со Сарс-КоВ-2 кај сите четири лица, туку исто така создале речиси целосен генетски редослед на соодветниот патоген од материјалот за примерок. Резултат: тие биле идентични. Помеѓу јануари и јуни околу 30 000 комплетни геноми на Сарс-Ков-2 биле зачувани во базата на податоци – ниту една од тие низи не била 100 проценти идентична со оние од четирите случаи. Ова укажува дека исклучително веројатно е дека инфекцијата се случила во авионот.

Двајцата сопружници имале симптоми на денот кога пристигнале во Хонг Конг – треска и кашлица, односно болки во грлото. Стујардеса развила симптоми на Ковид-19 една недела подоцна. Нејзиниот колега бил позитивен на тестот откако авиокомпанијата го известила дека е во поблизок контакт со болните патници.

Не се познати други инфекции на летот, но истражувачкиот тим предводен од Дебора Вотсон од лондонското училиште за хигиена и тропска медицина не било во можност да ги тестира сите патници.

Групата научници околу Тронг-Таи Нгуен, врз основа на нивните резултати, сугерира дека сегашните мерки можеби не се доволни за безбедно спречување на инфекции за време на летовите. Особено што дури и во Бизнис класата, каде што седиштата се распоредени многу пооддалечени, очигледно бил единствен случај на Корона да зарази повеќе од половина од патниците.