Можеше ли да се спречи масакрот во српското училиште?

Српските медиуми пишуваат дека истрагата за масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград сè уште е во теко, а истата може да открие дали 13-годишникот Коста имал индиции да изврши такво кривично дело.

Обвинителството во Србија нареди да се сослуша мајката на Коста за да се утврди дали имало запоставување или злоупотреба на малолетникот осомничен за масакрот.

За да се утврди како момчето се однесувало во просториите на училиштето, ќе се извршат разговори со вработените во институцијата, кои би можеле да откријат дали забележале промени во однесувањето на 13-годишниот Коста.

Исто така, потребно е да се утврди дали семејството претходно било во евиденцијата на Центарот за социјална работа поради семејно насилство, запоставување на детето или која било друга причина.