Можеби мислите дека привлекувате погрешни луѓе, но...

...всушност вие ги привлекувате вистинските луѓе кои ви се потребни во тој момент!

Нас нѐ убедиле дека таму некаде постои само една личност која би требала да нѐ исполни. Една личност која ни е судено да ја сретнеме и со која би требало да го поминеме остатокот од животот. За некои луѓе, пронаоѓањето на таа сродна душа е реалност, без оглед на тоа дали се работи за избор или компромис, тие се обврзуваат за да формираат сојуз со друга личност, без оглед на сѐ и тоа трае до крајот на нивниот живот.

Меѓутоа, вистинската и долготрајна љубов не им е дадена на сите луѓе. Реалноста е дека е здраво да имаме повеќе романтични врски во текот на нашиот живот, особено во помладите години, за да ни помогнат да сфатиме кои сме и што навистина сакаме. Љубовните врски нѐ учат кои сме, што сме и што сакаме. 

Тие ни даваат алатки со кои сфаќаме што значи навистина да се поврземе со другите луѓе на емоционално, физичко и интелектуално ниво. Нѐ учат на компромиси и соработка, преговарање и прилагодување.

Можеби понекогаш имате чувство дека привлекувате погрешни луѓе, но всушност ги привлекувате оние кои ви се потребни во тој момент.