Можеби еднаш ќе одлучите...

Можеби еднаш ќе одлучите дека нема повеќе да бидете добри и послушни само за да им се допаднете на другите...

Дека ќе престанете да верувате на празни зборови зад кои не стојат вистински дела...

Дека можеби оние животни вредности со кои сте растеле не се оние кои вие сакате да ги живеете. И дека тоа е во ред. 

Можеби ќе одлучите дека ќе престанете да се прилагодувате само за да добиете „трошки љубов“ и ќе прифатите дека она што досега сте го живееле можеби било само бледа сенка од она што навистина сакате да го живеете. Некоја чудна илузија. 

И дека стравот е причината поради која толку долго сте се помирувале со работи кои не сте ги заслужувале, иако длабоко во себе сте знаеле дека заслужувате повеќе. 

Можеби ќе дојде време кога ќе сфатите дека „љубовта“ која ви ја давале и која ја нарекувале безусловна е само едно обично условено манипулирање и дека тука никогаш и немало љубов. Па можеби тогаш конечно ќе престанете да се обвинувате себеси затоа што сте поверувале во тоа од желба да почувствувате вистинска љубов.

Ќе дојде време кога сите маски ќе паднат. Тогаш кога вие ќе бидете подготвени да ги видите вистинските лица. И ќе бидете доволно силни за да можете да го пребродите спознанието кое сте го добиле. Вистината најпрво боли, сѐ додека не ја сфатиме нејзината цел. А нејзината цел е да нѐ ослободи.

Кога тоа ќе се случи, не се борете против тоа. Не се прашувајте зошто и како. Само прифатете го тоа. Со сознанието дека сега сте подготвени за чекор понапред. За ново ниво во животот. 

Чекор подалеку од нив, него, неа... Но, затоа ќе бидете чекор поблиску до себеси. Можеби и никогаш поблиску. И во тој момент ветете си себеси нешто. Ветете си дека никогаш повеќе нема да се согласите на трошки. Никогаш повеќе нема да бидете она што не сте само за да добиете нечие внимание. И дека во тие услови ќе останете верни на себеси. 

И тогаш ќе сфатите дека оние кои навистина ве сакаат ќе бидат воодушевени од тоа. А вие ќе бидете најмногу воодушевени од тоа. А сите останати и не ви се баш потребни.