Можеби еднаш ќе научиме...

Можеби еднаш ќе научиме да бидеме подобри едни кон други, да бидеме присутни во нивните животи и да бидеме чувствителни за туѓите потреби.

Можеби еднаш ќе научиме како да биде поискрени кон оние кои ги сакаме, да ги лечиме местата кои веќе долго време крварат, да ги бакнуваме деловите од душата кои си ги презираме.

Можеби еднаш ќе научиме како да ги слушаме нивните скриени желби, воздишки и крикови, да бидеме повнимателни кон ранетите делови на човековата душа.

Можеби еднаш ќе научиме да се обидеме да разбереме, наместо да осудуваме, да бидеме нежни во свет кој и онака е доволно суров.

Можеби еднаш ќе научиме како да останеме и да не оставиме, дури и кога работите ќе тргнат на лошо, дури и кога не ни се останува, дури и кога е полесно да избегаме, дури и кога ни е полесно да заборавиме.

Можеби еднаш ќе научиме да се бориме за своите идеали до последен здив, секој ден да се потсетуваме колку вредиме, колку сме им важни на оние кои нѐ сакаат, колку ни е важно да успееме баш поради нив, колку жртви и труд сме вложиле во своите соништа, колку чекори сме направиле за да стигнеме до овој момент, колку е животот скапоцен, колку е иднината неизвесна, а колку е сегашноста наша.

Можеби еднаш ќе научиме, и покрај сите наши маани и несовршености, можеби еднаш ќе научиме да бидеме добри...