Moже ли брзото секојдневние во кое живееме да биде поздраво за нас и за придонесе за поздрава животната средина? Колку секојдневните навики имаат влијание на нашиот живот и колку тие влијаат негативно на нашата благосостојба? Некогаш промените во секојдневните навики се мали, но важно е да ги има. Внесувањето на позитивни промени во живеењето, вклучувајќи го и здравиот живот на почетокот можеби е тешко, но понатаму прераснува во навика.
Халк Банка во рамки на своите активности ja промовира апликацијата HalkEco која овозможува формирање здрави навики и придонес за здрава животна средина. Освен тоа, банката преку инстаграм профилот и фејсбук страната на HalkEco промовира здраво живеење и градење позитивни животни навики.
Во една од последните објави во рамки на HalkEco платформата тие се осврнуваат токму на фактот дека секојдневните активности може да се заменат во здрави, кои пак преминуваат во навики.
И доколку се прашувате дали секојдневните навики може да бидат поздрави, тогаш одговорот е да. HalkEco фокусот го става во промена на следните животни навики и рутини:
Помалку возење - повеќе пешачење
Пешачењето може да го намали ризикот од многу болести, вклучувајќи срцев удар, мозочен удар и глауком. Тоа помага да се контролира тежината, крвниот притисок и да се заштити од фрактури на колковите. Намалувањето на изложеноста на густ сообраќај и долгите патувања, исто така, го намалува стресот, а стресот со текот на времето го зголемува ризикот од состојби како срцеви заболувања.
Помалку купување - повеќе поправање
Ако се соочувате со проблеми со некој електронски апарат или тој е оштетен, пред да купите нов запомнете дека вашиот уред може да се поправи.
Поправањето на телефонот, телевизорот и компјутерот не само што е поекономично, туку истото е поеколошко и поетички. Фрлањето на електричниот апарат може да влијае на животната средина од многу аспекти, а дополнително во производството на новиот апарат се ослободува голема количина јаглерод диоксид. Вашиот стар телефон или компјутер може да заврши во електричен отпат и никогаш да не се рециклира. И заборавајте дека материјалите од кои се произведуваат електричните апарати секојдневно стануваат се понедостапни, а за тоа е виновен секој од нас.
Помалку еднократна употреба - повеќе реупотреба
Рециклирање значи претворање на артикал во суровини што може повторно да се користи, обично за целосно нов производ. Ова е постапка што троши енергија. Повторната употреба се однесува на користење на производот, таков каков што е без дополнителен третман. Ова го намалува загадувањето и отпадот, што го прави поодржлив целиот процес.
Процесот на повторна употреба не е за пренамена на материјалите од кои е направен продуктот, туку за пренамена на самиот продукт. Ова вклучува купување и продавање користени стоки и поправка на предмети наместо нивно фрлање. Повторната употреба е подобра од рециклирањето бидејќи ја заштедува енергијата што доаѓа од демонтирањето и повторното производство на производи. Исто така, значително го намалува отпадот и загадувањето бидејќи ја намалува потребата од суровини, заштедувајќи ги и шумите и залихите на вода.Пазарот пак има корист од повторната употреба благодарение на приливот на квалитетни производи по намалени цени.
Помалку грижи - повеќе сон
Стресот често влијае на квалитетот и времетраењето на сонот. Стресот и недостатокот на сон можат да имаат сериозно влијание врз физичкото и менталното здравје. Експертите препорачуваат луѓето да се стремат кон 7-9 часа сон во текот на ноќта, во зависност од нивната возраст и други фактори.
Недоволното спиење може да предизвика негативно расположение, ниско ниво на енергија, проблеми со концентрацијата и општа неспособност за нормално функционирање. Недостатокот на сон може да има сериозни последици во некои сегменти од животот, како на пример ако учеството во сообраќајот и ракувањето машини. Повремениот лош сон, веројатно нема да предизвика сериозна штета, но постојаното отуство на здраво спиење и присутвото на стрес може да предизвика сериозни здравствени проблеми.