Може ли секојдневниот стрес за предизвика рак?

61% од испитаниците се сложија со тврдењето дека психичкиот стрес може да предизвика рак, но што велат научниците?

Кога на советничката Сабина Динкел пред две години и дијагностицирале ран на јајници во напредна фаза, себеси се видела во гроб. Откако го пребродила првобитниот шок, Динкел (51) започнала да пребарува литература од која ќе дознае повеќе за својата болест. Она што го пронашла само уште повеќе ја депримирало.

Во голем број книги пишувала дека самата си е виновна за болеста бидејќи водела нездрав живот и не водела доволно сметка за своето здравје. Постои широко распространето мислење дека причинител за ракот е најчесто психолошки. Во репрезентативното истражување на Германскиот центар за истражување на рак, дури 61% од испитаниците се сложиле со тврдењето дека психичкиот стрес може да предизвика рак. Но, јасни докази за тоа нема.

ПСИХАТА НЕ ЛЕКУВА, НО ПОМАГА

-Ставот дека можете да добиете рак врз основа на своето расположение, стрес на работно место или поради тоа што, на пример, сте изгубиле сакано лице… нема научна основа – вели психоонкологот Имад Матук од универзитетската болница во Хејделберг.

Тој верува дека ракот се развива поради неколку фактори: генетска предиспозиција, рискантно однесување како пушење или од чиста случајност. Нема никакви докази дека со позитивен став може да се одбегне ракот, вели Матук, кој затоа е многу скептичен кон „позитивното размислување“ какво што често се пропагира во книгите за самопомош.

Иако психата не може да го излекува ракот, може да помогне во квалитетот на животот на пациентите, особено во раната фаза на болеста кога се’ уште имаат чувство дека над неа имаат некаква контрола, напоменува Матук. Имено, околу 30% од пациентите развиваат психолошки проблеми како последица на болеста.

Постојат техники за опуштање кои можат да ја ублажат вознемиреноста и стравот. На многумина од нив им е потребна и психотерапија. Динкел во хуморот открила средство за ублажување на болките. Бидејќи не можела да пронајде ниедна ведра книга за ракот, таа ја напишала самата и го ставила овој наслов: „И СО РАК МОЖЕ ДА СЕ СМЕЕТЕ“.

Важен е ставот на блиските луѓе

И начинот на кој другите луѓе реагираат на ракот може да биде тежок за оние заболените.

-Членовите на семејството и пријателите можат да помогнат, но може да бидат и дополнителен терет – вели директорката на Германскиот информативен центар за рак д-р Сузан Вег-Ремерс. Таа им советува да не го работат она што тие сами би го очекувале во дадената ситуација, туку директно да го прашаат пациентот што му треба. Добронамерните, но банални забелешки може да ги иритираат пациентите. Динкел вели дека на неа најмногу на нерви и оделе оние како „Само треба да мислиш позитивно“ или „Ќе го победиш ти тоа!“

А нејзе ракот и се вратил година дена после хемотерапија

-Секогаш мислев дека таквиот развој на настаните потполно ќе ме нокаутира, но не- вели таа. Од пријателите и роднините побарала во болница да и праќаат разгледници кои ќе ја насмејат. Таа тоа го нарекува „Кикотлива хемотерапија“.