Може ли љубовта да го спаси Скопје?

Да не даде бог срцето да ти биде празно како напуштена куќа, велат старите. И имаат право. Фасади што се распаѓаат, рунирани покриви, скршени прозори...И додека многумина не можат да си најдат покрив над главата, додека упорно се работи на изгледот на градот, во центарот на Скопје зјаат куќи во распаѓање. Како душа на човек што страда. 

Се гледа и после многу години дека некогаш била куќа, дом, засолниште... Денеска празно, запуштено, речиси пред распаѓање. 

Љубовта, ќе го спаси ли Скопје?