Можат ли вакцинираните да даруваат крвна плазма?

Вакцинираните против Ковид-19 и да имаат голема количина антитела не можат да даруваат крвна плазма за третман на пациенти кои се хоспитализирани поради компликации од вирусот. Донори можат да бидат само лица кои ја прележале болеста и по природен пат се стекнале со имунитет, вели директорот на Институтот за трансфузиона медицина.

-Спрема препораките ковалесцентн апшлазма може да биде онаа плазма од донори кои ја прележале Ковид-19 болеста, меѓутоа со последните измени поради вакцинацијата повеќето од тие лица и се вакцинирани и таа плазма се категоризира како ковцалесцентна плазма. Меѓутоа стекнат имунитет со вакцинација не може да се категоризира како ковалесцентна плазма заради тоа што се уште нема јасни препораки односно истражителни критериуми во нејзиниот ефект во третманот на тие пациенти, изјави за Сител д-р Садула Усеини, директор на Институтот за трансфузиона медицина.

Досега крвна плазма дарувале околу 1800 граѓани кои прележале Ковид.

-На Институтот за трансфузиона медицина досега обезбедени се 1830 единици на ковалесцентна плазма, а во Ковид центрите испорачани се 1690 единици. Пациентите кои биле хоспитализирани поради Ковид -19 и биле третирани со ковалесцентна плазма смеат да даруваат крв после 6 месеци, додаде д-р Усеини.

Директорот на Трансфузија вели дека во моментот располагаат со 140 резервни единици на ковалесцентна плазма од сите крвни групи. И во зависност од побарувањата од болниците и Клиниките  ги повикуваат пријавените кои ги исполнувале сите услови. Според досегашните искуства плазмата се користи во третманот на пациенти со Ковид  со лесна и средно тешка клиничка слика доколку дојде до нагло влошување на состојбата.