Можам да се одречам од се, но не и од тебе

Денес, повеќе од кога било, ми требаа 5 минути за самата себе. Пет минути да бидам јас – не сопруга и мајка, туку сам јас. Малата, безгрижна ЈАС, која сака да побегне од реалниот свет, но не го направив тоа.

Денес, кога повеќе од кога било ми беше потребно да бидам сама, одлучив ти да бидеш со мене. Тука на прстите и блиску до срцето.

Требаше да го исчистам нередот во кујната – но, не го направив тоа.
Требаше да ги извадам алиштата од машината за перење, да си ставам да се исушат, па да ги испеглам, но не го направив тоа.

Требаше да искористам две слободни минути за да се истуширам, можеби да ја измијам косата и да ставам шминка на себе – но не го направив тоа.

Можеби не беше лошо да проверам мејлови и пропуштени повици, кои ги имаше многу во последните 72 часа.

Ќе беше добро да го исчистам станот, да избришам прашина, да ги соберам расфрланите работи на подот. И да јадам, да, ќе беше добро да јадам, велам треба човек редовно да јаде.

Размислував дека треба така поспана да те однесам во соба и да те ставам во креветчето и да продолжам да работам.

Не направив ништо од тоа, сѐ оставив за „после“, затоа што твоите мали нозе беа толку цврсто припиени за мене, што немав срце да ги оттргнам и да ги спуштам во кревет. Не го направив тоа што требаше да го направам, затоа што наместо сето тоа – одбрав да те држам. Во рацете, близу до срцето. Одбрав да слушам како дишеш, додека твоите мали нозе сѐ уште беа припиени до мене, а твојата глава беше потпрена на моето срце. Сѐ тоа е сега во моите раце, а како вчера да беше кога беше во мојот стомак.

Сите мои планови и „можеби би требало да го направам тоа“, паѓаат во вода, затоа што избрав да те држам во раце. Ти си мојот (не)мир и исполнување на секој мој сон. Ти си мојата бура и мојата мирна лулка. Ти си мојот прв и единствен избор. Ти си моето сѐ!