Моторциклист се заби во автомобил и заврши со тешки телесни повреди

Тешко повреден 32-годишен скопјанец, кој вчера со мотоцикл се судрил со автомобил на улицата Благоја Стефковски во Скопје. Во сообраќајката бил оштетен и паркиран автомобил „рено“.

Мотоциклистот со тешки повреди бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ за укажување лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од СВР Скопје.