Мотоциклист загина утрово во сообраќајка во Аеродром (ФОТО)

Во страшна сообраќајка која утрово околу 7.00 часот се случи во скопската населба Ново Лисиче загина мотоциклист.

Телото на загинатиот мотоциклист се уште стои на улицата додека трае увидот на полициските екипи.

Несреќата се случила на крстосницата од булеварите „АСНОМ“ и „Србија“.

Од МВР потврдуваат дека е случена сообраќајна несреќа, но повеќе информации ќе соопштат по завршување на полицискиот увид.