Мотоциклист удрил во полициско возило на булевар „Партизански одреди“

На 06.09.2021 во 19.18 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански одреди“  се случила сообраќајна несреќа во која мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од А.С.(35) од Скопје, удрил во запрено патничко моторно возило „ гранд чироки“, сопственост на МВР.

Притоа, со телесни повреди се здобил А.С., констатирани во Ургентен центар на Клинички центар „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.