Мотоциклист удрил 53-годишник, и двајцата се повредени

Две лица се повредени во сообраќајка во Охрид. 

На 19.05.2022 во 16.20 часот во СВР Охрид било пријавено дека на улица „7-ми ноември“, мопед со охридски регистарски ознаки, управуван од Д.Т.(19) од Охрид, удрил во пешак С.Ш.(53) од Охрид.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и пешакот, констатирани во ЈЗУ „Свети Еразмо“ - Охрид.

Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид.