Мотоциклист тешко повреден во сообраќајна несреќа во Скопје

Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа која вчера околу 12 часот се случила на улицата „Скупи“.

Од полицијата информираат дека незгода се случила помеѓу патничко возило „Шкода Октавија“ со скопски регистарски ознаки и мотоцикл „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Љ.К. (54) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот Љ.К. кој бил пренесен во Ургентен центар Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Скопје.