Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во битолско

Триесет и осумгодишен битолчанец е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила на магистралниот пат Ресен–Битола, на делницата Макази–Ѓавато.

„На 07.10.2026 во ОВР Ресен е пријавено дека околу 15:00 часот на магистралниот пат Ресен-Битола, на место викано „Дервен“ на делницата Макази-Ѓавато, Ѓ.К.(38) од Битола, управувајќи мотоцикл со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во заштитната ограда“, соопшти МВР.

„Во несреќата, Ѓ.К. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид на местото извршила екипа на СВР Битола - ОВР Ресен“, информираат од МВР.