Мотоциклист прегази пешак во скопска Кисела Вода

Несреќа се случи денеска во скопската населба Кисела Вода. Мотоциклист удри пешак на паркинг на улицата Огњан Прица бр. 1 во населбата Кисела Вода.

Од силниот удар пешакот летнал во воздух и паднал во несвест. Според очевидци на настанот, пешакот е во животна опасност, но веднаш на местото на настанот пристигнала екипа на брзата помош, пишува Нова Македонија.

Тешко повредениот пешак и полесно повредениот мотоциклист во моментов се пренесуваат во скопската градска болница. На местото на несреќата се чека да пристигне полицијата и да изврши увид.