Мотоциклист прегази кичевец

Две лица се повредени во сообраќајка што се случила вчера нешто пред полноќ. 

-На 21.06.2022 во 21.50 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар, мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од П.Л.(27) од Кичево, удрил во И.С.(37) од Кичево, соопшти МВР. 

И.С. се здобил со тешки телесни повреди, а мотоциклистот се здобил со телесни повреди  констатирани во Медицински центар Кичево. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кичево.