Мотоциклист повреден во тешка сообраќајка во Ѓорче Петров

Во тешка сообраќајна незгода која вчера се случила во скопската населба Ѓорче Петров со тешки телесни повреди се здобил А.Р. од Сарај, информираше денес МВР.

Вчера во 18.14 часот на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.С. (26) од с.Виниче и мотоцикл со скоспски регистарски ознаки, управуван од А.Р. (49) од с.Сарај, скопско.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мототциклот, кој бил пренесен во Ургентен центарт при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје, каде бил задржан на лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.