
Четириесет и двегодишен мотоциклист од Скопје е тешко повреден откако со својот мотоцикл излетал од коловозот на регионалниот пат Мавровска Крстосница–Дебар.
Несреќата се случила вчера околу 10 часот, во селото Ростуше, на местото викано „Ростушки Вител“. Според информациите од МВР, М.П. (42) од Скопје управувал мотоцикл „Дукати“ со скопски регистарски ознаки, при што излетал од патот.
Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, кои му биле констатирани во Здравствениот дом во Ростуше.
На местото бил извршен увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.