Мотоциклист е тешко повреден во сообраќајка во Радовиш

Мотоциклист е тешко повреден во сообраќајка во Радовиш. 

На 01.07.2022 во 16.00 часот  во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на ул.„Кеј 8-ми Септември“ во Радовиш, И.П.(45) од Радовиш, управувајќи мотоцикл „хамачи“ со радовишки регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот, соопшти полицијата.   

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Здравствен дом Радовиш.

Увид на местото  извршила екипа од Полициската станица Радовиш.