
Министерството за внатрешни работи соопшти нови информации во врска со сообраќајната несреќа што попладнево се случи на булевар „Илинден“ во Скопје.
„Денеска (03.11.2025) во 16:22 часот во СВР Скопје е пријавено дека на булевар 'Илинден' во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило 'Фолксваген Туран' со скопски регистарски ознаки и мотоцикл без регистарски ознаки“, информираат од МВР.
Возачот на мотоциклот, кој се здобил со повреди, бил пренесен со возило на Итната медицинска помош во ГОБ „8 Септември“ за укажување на лекарска помош.
Полицијата извршила увид на местото на настанот и работи на целосно расчистување на околностите под кои се случила несреќата.